Градоначалникот на општина Охрид, Јован Стојаноски , денеска присуствуваше на Црковно народниот собир што по повод денешниот верски празник посветен на Светите Бесребреници Козма и Дамјан се одржа во истоимената црква во село Речица- охридско.
Заедно со бројните верници ,мештани, охриѓани и гости градоначалникот Стојаноски се помоли за здравје, а присуствуваше и на празничниот црковен ручек.
Присуството на овој црковно народен собир е на покана на црковниот одбор и кумовите кои на градоначалникот Стојаноски му посакаа добро здравје и успешен градоначалнички мандат.
|