Советот на општина Охрид на денешната седница ја прифати предложената одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти. Со одлуката се продолжува работното време на угостителските објекти за 1 час во деновите:20,21,26,27 и 28.07.2018 година, 02,03,04,10,11,13,17,18,24,25, 26,28 и 31.08.2018 година, 01,07 и 08.09.2018 година, 11.10.2018 година и 07,08, и 09.12.2018 година, а за 2 часа на 14.07.2018 година.
Со одлуката, се задолжува општинскиот инспекторат согласно Законот за заштита од бучава во животната средина, да врши континуирано мерење на бучавоста од угостителските објекти и доколку истите не се придржуваат до законски дозволената гранична вредност да следуваат прекршочни санкции согласно Закон.
|