Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТО НА Ј.П. „ОХРИДСКИ КОМУНАЛЕЦ“
Untitled Document

Директорот на Ј.П.„Охридски Комуналец„ -Охрид, Лупчо Грданоски денеска даде отчет за сработеното во првата година од својот мандат.

Во своето излагање Директорот изрази задоволство од реализираните проекти во изминатава година, од вложените инвестиции, позитивните финансиски резултати и подобрување на услугите насочени кон нашите крајни корисници-граѓаните на Охрид и многубројните туристи. Грданоски истакна:

„Превземајќи конкретни чекори и мерки,  континуираната работа за подобрување на ефикасноста во работењето, поставувањето приоритети во дејноста, акумулирањето огромна креативна енергија, активната вклученост и постојаната посветеност на сите чинители во работењето, обезбедувањето висок квалитет на јавните услуги, почитувањето на правата и законите во процесот на креирање политики и донесувањето одлуки, во оваа измината година, донесе позитивни резултати за јавното претпријатие „Охридски Комуналец“.

Прочитано:  334  пати
Објавено на: 20.11.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©