Од 14 до 18 јануари 2019 година во Охрид, во хотелот „ Аквалина“, ќе се одржи вториот фудбалски камп на Фондацијата на фудбалскиот клуб „ Реал Мадрид“ .Ова беше соопштено на денешната прес-конференција на која зборуваа градоначалникот Јован Стојаноски, Влатко Тодев, лиценциран партнер на „ Real Madrid Campus Experience“ во Македонија и Горан Ѓоргоноски од агенцијата „ Спорт- Арена“.
На вториот фудбалски камп на „ Реал Мадрид“ се очекува да учествуваат стотина деца на возраст од 7 до 17 години, кои ќе тренираат и учат тактички и технички аспекти за фудбалот, а воедно ќе научат многу повеќе за најважните вредности и идеали како што се тимскиот дух, толеранцијата и здравиот начин на живот.
Општина Охрид, годинава ќе го подржи овој настан, а за идната година, како што беше речено на прес- конференцијата, се очекува да се потпише договор за натамошна соработка. |