Манифестацијата „Денови на медот“ која првично беше предвидено да се одржи од 13 до 16 август 2017 година, на барање на Пчеларското здружение „Охрид“ од Охрид се презакажува и истата ќе се одржи од 4 до 7 август 2017 година.
На оваа манифестација, традиционално, се промовираат медот и производите од мед, а ваквите активности, истовремено, се одлична можност за охриѓани и гостите во Охрид да вкусат квалитетен мед и производи од мед.
Сите заинтересирани за учество на манифестацијата „Денови на медот“ може да се пријават на во просториите на Секторот за туризам и Лер, е-mail: info@ohiridler.com или на телефонскиот број 046 230 175.
Извор: www.ohrid.gov.mk |