Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СТОЈАНОСКИ СЕ ОБРАТИ НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА ЗА БЛАТНИТЕ ЕКОСИСТЕМИ
Untitled Document

Во рамки на годишната конференција на европскиот огранок на Друштвото на научници на блатните екосистеми (SWS) што се одржува во Охрид, денеска на  официјална сесија се обратија градоначалникот Јован Стојаноски, потпретседателот на Македонскиот Рамсарски комитет и претставник на МЖСПП, Александар Настов, Александар Трајков од Факултетот за туризам и угостителство и Трајче Талевски од Охрид-СОС.

-Особено не радува фактот што во фокусот на Вашиот интерес е заштитата на Студенчишкото блато, како нераздвоен дел на најстарото езеро во Европа. Драгоцени ќе бидат Вашите искуства и препораки кои ќе ги имплементираме во нашите стратегии за заштита на блатото и негова валоризација, процеси кои се започнати, а ние како Локална самоуправа цврсто сме определени да ги интензивираме.Свесни сме дека Студенчишкото блато треба и ќе биде музеј на отворено, место за интеракција со природата, пример за правилно зачуван екосистем и пример за хармонија меѓу човекот и природата.
Охрид и Охридското Езеро , како заштитено културно и природно наследство  се на листата на УНЕСКО. Тоа е голема чест , но и голема обврска  бидејќи треба да се обезбеди заштита на тоа богатство , а воедно да се креира  одржлив локален економски развој во градот, но и неговото пошироко подрачје.
Уверени сме дека заедно со домашната, меѓународната стручна јавност и граѓанскиот сектор, во рамките на законски определените обврски, ќе успееме да креираме и имплементираме модел на заштита и валорицација на овој редок еко-систем.Има огромен број на предлози и идеи за уредување на просторот на Студенчишкото блато без негова деградација и креирање на нов афтентичен и атрактивен туристички производ
- рече градоначалникот Стојаноски.

На Конференцијата учествуваат околу педесет еминентни експерти за блатни екосистеми од целиот свет со цел да разменат најнови информации за состојбата на блатните екосистеми, да понудат решенија за предизвиците кои современото управување со земјиштетото и урбанизацијата ги наметнува врз нив, за жал запоставени, но сепак суштински делови на нашата животна средина. Еден од многу важните документи кој ќе произлезе од оваа Конференција е Декларацијата за заштита и ревитализација на Студенчишко Блато и Охридското Езеро.

Прочитано:  1475  пати
Објавено на: 03.05.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©