Утре (03.04. 2018) во големата сала на општина Охрид со почеток во 12 часот, градоначалникот Јован Стојаноски и надлежните служби, заедно со претставници на УЈП , Државен пазарен инспекторат и СВР Охрид ќе одржат работна средба со угостители, тезгаџии и останати корисници на урбана опрема.
На средбата со сите чинители во туристичката дејност кои користат урбана опрема ќе се разговара за проблемите со кои тие се соочуваат и подготвителните активности пред почетокот на туристичката сезона |