Врз основа на член 50, став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр 5/02) Градоначалникот на општина Oхрид објавува
КОНКУРС
за доделување стипендии на ученици од општинските основни и средни училишта на подрачјето на Општина Охрид за учебната 2017/2018 година
Општина Охрид за учебната 2017/2018 година ќе додели вкупно 80 ученички стипендии и тоа:
- 15 (петнаесет) стипендии за талентирани ученици од VII,VIII и IХ одделение од општинските основни училишта на подрачјето на општина Охрид ;
- 25 (дваесет и пет) стипендии за ученици кои живеат во потешки социјални услови од VII,VIII и IХ одделение од општинските основни училишта на подрачјето на општина Охрид;
- 15 (петнаесет) стипендии за талентирани ученици од II,III и IV година во општинските средни училишта, на подрачјето на општина Охрид и
- 25 (дваесет и пет) стипендии за ученици кои живеат во потешки материјални услови, од II,III и IV година во општинските средни училишта, на подрачјето на општина Охрид .
- ПРИЈАВА
- ИЗЈАВА ЗА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
- ИЗЈАВА
- Услови за доделување стипендии
А) Право на стипендија за талентирани ученици имаат кандидатите кои учат во општинските основни и средни училишта на подрачјето на општина Охрид, и ученици жители на општина Охрид кои учат во друга општина во јавно средно училиште кое не е застапено во општина Охрид а ги исполнуваат следниве услови:
- да се жители на општина Охрид
- да се редовни ученици
- да освоиле награди за поединечно освоено I, II или III место на државен или меѓународен натпревар во областа на науката, техниката, културата и уметноста
- да оствариле континуиран одличен успех во текот на школувањето од VI до IХ одделение за основците и од I до IV година па нагоре ,за средношколците
- да не се корисници на стипендија или кредит од други институции или фирми.
Б) Право на стипендија за ученици кои живеат во потешки социјални услови имаат кандидатите кои учат во општинските основни и средни училишта на подрачјето на општина Охрид и ученици жители на општина Охрид кои учат во друга општина во јавно средно училиште кое не е застапено во општина Охрид а ги исполнуваат следниве услови:
- да се жители на општина Охрид
- да се редовни ученици
- да имаат континуирано примерно поведение
- Учениците кои се пријавуваат по конкурсот, треба да го пополнат потребниот образец за пријава поставен на интернет страната www.ohrid.gov.mk.
Со Пријавата потребно е да ги достават следните документи:
- потврда дека е редовен ученик ;
- фотокопии од свидетелствата;
- извод на родени (копија);
- фотокопии од дипломи од освоени награди на натпревари од областа на науката,техниката, културата и уметноста (за стипендии за талентирани ученици);
- потврда за висината на примањата за сите членови на семејството на ученикот издадена од УЈП (за стипендии за ученици кои живеат во потешки социјални услови );
- изјава потпишана од родител/старател дека доставените документи се вистинити и дека ученикот не е корисник на друга стипендија или кредит од друга институција или фирма.Изјавата е објавена на интернет страната www.ohrid.gov.mk
- Висината на стипендијата ќе изнесува 1500,00 денари месечно за девет месеци во текот на учебната 2017/2018 година.
- Потребните документи, учениците треба да ги достават најкасно до 20.12.2017г ,на адреса: Општина Охрид ул.,, Димитар Влахов“ бр. 57 – Охрид , во затворен коверт со назнака „За Комисијата за спроведување на Конкурсот за доделување ученички стипендии“
- Документите на кандидатите кои се некомплетни и ненавремено доставени нема да бидат разгледувани.
|