Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СТОЈАНОСКИ СО МИНИСТРИТЕ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО НА МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА НИКОЛОВСКИ И ПЕЛОШИ
Untitled Document

Градоначалникот Јован Стојаноски, денеска имаше средба со министрите за земјоделство на Република Македонија, Љупчо Николовски и на Република Албанија, Нико Пелоши. На средбата доминираа прашања поврзани со можностите за интензивирање на соработката за заштитата на Охридското Езеро, одржливо управување со природните ресурси и креирање на заедничка туристичка понуда.

Големите проекти, како што се заштитата и управувањето со Дримскиот басен и прогласувањето на охридско-преспанскиот регион за биосферен резерват се добра основа за креирање на акциски прекугранични планови и реализирање на заеднички одржливи проекти. Затоа, градоначалникот Стојаноски од министерствата и владите на Република Македонија и Република Албанија  побара поддршка на проектите за заедничка, интегрирана заштита на Охридското Езеро, како светско природно богатство заштитено од УНЕСКО . Тоа, според него, ќе овозможи со трансгранични проекти да се користат средства од меѓународните фондови за одржлив развој на регионот.

Министрите за земјоделство Љупчо Николовски и Нико Пелоши со нивните соработници денеска,  разговарале за заедничките мерки за  заштита на  охридската пастрмка и белвица на македонската и албанската страна на  Охридското Езеро.

Прочитано:  1714  пати
Објавено на: 03.04.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©