Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
О Г Л А С Б Р. 04/2017 ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ВРЕМЕНО КОРИСТЕЊЕ НА ПОВРШИНИ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА
Untitled Document

Врз основа на член 79, член 80, член 80А и член 81од  Законот за градење („Сл.весник на РМ“       бр. 130/09, 124/10, 18/11, 36/11, 54/11, 13/12, 144/12, 25/13, 79/13, 137/13,163/13, 27/14, 28/14,42/14, 115/14, 149/14, 187/14, 44/15, 129/15, 217/15, 226/15, 31/16, 39/16, 71/16 и 132/16),  член 34 од Статутот на општина Охрид  и Одлуката за усвојување на годишната програма  за поставување на урбана опрема во општина Охрид за 2017 год. бр. 08-17974/28 од 01.12.2016 (Сл.гласник на општина Охрид бр. 22/16) ,Градоначалникот на   Општина Охрид објавува:

О Г Л А С    Б Р. 04/2017
ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ВРЕМЕНО КОРИСТЕЊЕ НА ПОВРШИНИ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА

- Општина Охрид издава површини за поставување на урбана опрема за комерцијално користење.

- Локациите за поставување на урбаната опрема се за следната намена:

  • ПРОДАЖБА НА СЛАДОЛЕД  24 ЛОКАЦИИ;

Локациите за поставување на фрижидери  се  лоцирани по должина на Кеј „Македонија“, плоштад „Крушевска Република“ , ул ,,Цар Самоил,, ул ,,7-ми Ноември,, ул ,,Коста Абраш,, ул ,,Св. Климент Охридски,,  и левата  страна на пешачка улица кој води кон  месноста „Горица“ од парцелата за обука на вода.
На секој локација од 4 м2 можат да се постават максимално по 2 (два) стандардни фрижидери, стандардна корпа за отпадоци и чадор за сонце.
Графички приказ со нумерички ознаки на локациите се дадени во планот на годишната програма за поставување на урбана опрема за 2017 година.

    • ПРОДАЖБА НА КНИГИ 6 ЛОКАЦИИ;

Локациите  за продажба на книги се наоѓаат на ул. „Македонски Просветители“ – тротоар на просторот помеѓу ТЦ „Амам“ и комплекс „Летница“,
Локација бр. 1 започнува од ТЦ „Амам“ према комплекс „Летница“.
Продажбата на книги ќе се извршува на унифицирани тезги од ЈП „Градски Пазар“ со димензии 2.00х1.00 односно 1.60х1.00.
Графички приказ со нумерички ознаки на локациите се дадени во планот на годишната програма за поставување на урбана опрема за 2017 година.

    • ПРОДАЖБА НА СУВЕНИРИ  48 ЛОКАЦИИ;

Локациите за продажба на сувенири се  лоцирани по должина на Кеј „Македонија“ и левата  страна на пешачка улица кој води кон  месноста „Горица“ од парцелата за обука на вода според графичкиот прилог.
Продажбата на сувенири ќе се извршува на унифицирани тезги од ЈП „Градски Пазар“ со димензии 2.00х1.00 односно 1.60х1.00.
Графички приказ со нумерички ознаки на локациите се дадени во планот на годишната програма за поставување на урбана опрема за 2017 година.

    • ПРОДАЖБА НА УМЕТНИЧКИ СЛИКИ 5 ЛОКАЦИИ;

Локациите за продажба на уметнички слики од 4 м2 се наоѓаат на кеј ,, Македонија.
Графички приказ со нумерички ознаки на локациите се дадени во планот на годишната програма за поставување на урбана опрема за 2017 година.


  • ЛОКАЦИИ ЗА ПРОДАЖБА И ОБРАСЦИ ЗА ПОНУДА

ЛОКАЦИЈА ЗА ПРОДАЖБА НА СЛАДОЛЕД
ОБРАЗЕЦ ЗА ПОНУДА НА СЛАДОЛЕД

ЛОКАЦИЈА ЗА ПРОДАЖБА НА КНИГИ
ОБРАЗЕЦ ЗА ПОНУДА НА КНИГИ

ЛОКАЦИЈА ЗА ПРОДАЖБА НА СУВЕНИРИ
ОБРАЗЕЦ ЗА ПОНУДА НА СУВЕНИРИ

ЛОКАЦИЈА ЗА ПРОДАЖБА НА УМЕТНИЧКИ СЛИКИ
ОБРАЗЕЦ ЗА ПОНУДА НА УМЕТНИЧКИ СЛИКИ


  • Локациите за поставување на урбаната опрема ќе се издаваат за времетраење од 90 (деведесет) денови.

Почетна  цена за издавање на локација е:

локација за поставување на фрижидери за продажба на сладолед со почетна цена од 5.000.оо (петилјади) денари/месечно;

локација за продажба на книги на поставени тезги со почетна цена од 8.000.оо (осумилјади) денари/месечно;

локација за продажба на сувенири на унифицирани тезги со почетна цена 3.000.оо (триилјади) денари/месечно;

локација за продажба на уметнички слики со почетна цена од 8.000.оо (осумилјади) денари/месечно;

4.1 Почетната цена за издавање на локациите се однесуваат за период од 30 (триесет) дена.
4.2 Во почетната цена за издавање на локација не се содржани трошоците за комунална такса, одржување на хигиена, приклучок и трошок за електрична енергија и користење на унифицираната тезга.
4.3 Трошоците за хигиена, приклучок и трошок за користење на електрична енергија паѓаат на товар на најповолниот понудувач.
4.4 Трошокот за комунална такса изнесува 7 (седум) денари од м2 дневно.
4.5 Договорите со најповолните понудувачи  за точка 2.1, 2.2, 2.3 и  2.4  ќе се склучуваат за период од 90 (деведесет) денови.
4.6 Поставувањето на урбаната опрема ќе отпочне по склучување на договорот  и добивање на одобрение од Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште.

  • Доставување на понуди

5.1 Понуди можат да достават физички и правни лица регистрирани за вршење на дејноста наведена во точка 2 од овој оглас.
5.2 Понудувачот треба да достави:
Понуда на унифициран образец; (Унифициранот образец може да се подигне во просториите на општина Охрид или на веб страната на општината www.ohrid.gov.mk
Уплатница на име депозит за учество на износ од 3.000.оо (триилјади) денари.
Уплатата се врши на следната сметка:

Трезорска сметка:  1000000063095
Уплатна сметка:  84015206553
Приходна шифра:  723914 Програма 00
                       
Потврда за регистрирана дејност (издадена од Централен регистар на РМ или соодветен документ-доказ дека припаѓа на соодветно здружение (не постар од 6 месеци);
Потврда дека нема заостанати обврски кон општина Охрид-Локална самоуправа по основ комунална такса и закуп на локација; (потврдата ја издава Сектор за финансиски прашања при општина Охрид);
Понудите по точките 2.1, 2.2, 2.3 и 2.4  да бидат со важност од 90 денови.
Депозитот на учесниците кои нема да бидат избрани за одредена локација е повратен, додека учесниците кои ќе добијат локација  на јавното наддавање ќе биде одбиен од вкупната цена на склучениот договор.

  • Начин на доставување на понуда

Понудата треба да се достави во затворен коверт со назнака:
НЕ ОТВОРАЈ“  
Општина Охрид
Комисија за спроведување на постапка за издавање на
времено користење на површини за поставување
на урбана опрема бр. 04/2017
Дел: ______________ , Локација бр.__________
(се внесува делот и бројот на локацијата за кој понудувачот учествува, на пример 2.1 продажба на сладолед, Локација бр. 5)
ул: „Димитар Влахов“ бр.57
6000 Охрид

Пример за адресирање на плик за достава на понуда:

„НЕ ОТВОРАЈ“
„Да не се отвора пред
08.05.2017 год.
15.00 часот.
Оглас бр.04/2017

Општина Охрид 
Комисија за спроведување на постапка за издавање на времено користење на површини за поставување на урбана опрема бр. 04/2017
Дел: _______, Локација бр.__________
 (се внесува делот и бројот на локацијата за кој понудувачот учествува)
ул „Димитар Влахов“ бр. 57
6000 Охрид

Понудата се доставува по пошта или лично во Архивата на општина Охрид.
Општина Охрид нема никаква одговорност за ненавремена достава на понудата, нејзино предвремено отворање или гинење на истата.

  • Начин на отворање

Понудите да се достават најдоцна до   08.05.2017 во 15.00 часот.
Јавното наддавање ќе се одржи по евалуација на доставените понуди.
За денот и часот  на јавното наддавање учесниците ќе бидат известени на контакт адресата на понудувачот и web страната на општина Охрид..
За избран ќе се смета понудувачот кој понудил највисока цена за локација под услов да ги исполнил условите предвидени во точка 5.2.

  • Предмет на јавно наддавање

Предмет на јавно наддавање е тримесечната конечна цена;

  • Склучување на договор

Најповолниот понудувач е должен во рок од 8 дена од денот на добивање на Решението за избор на најповолен понудувач да склучи Договор за закуп, а најдоцна во рок од 8 дена по склучување на Договорот за закуп да ги измири трошоците наведени во договорот, вклучително и комуналната такса. Во спротивно Договорот нема да произведува никакво правно дејство.

Деталната местоположба на микролокациите може да се види на web страна на општина Охрид – графички прилог или секој работен ден од 15.00-16.00 часот во просториите на општина Охрид.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1441  пати
Објавено на: 21.04.17
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©