Градоначалникот Јован Стојаноски, денес оствари работна средба со министерката за привлекување странски инвестиции Зорица Апостолска. Министерката Апостолска го запозна градоначалникот Стојаноски со планот на владата за економски раст и финансиската поддршка што истиот ја нуди за новите инвестиции.
Градоначалникот Стојаноски ги истакна потенцијалите на општината за привлекување на странски инвестиции и подготвеноста за нови гринфилд и браунфилд вложувања. Во таа смисла градоначалникот Стојаноски посочи и неколку развојни проекти и можноста за нивна реализација со помош на Владата на Република Македонија.
|