Традиционалната манифестација со која што на симболичен начин се означува почетокот на главната туристичката сеозна „Бело лето“, ќе се одржи вечерва. Во рамки на манифестацијата охриѓани и гостите ќе имаат можност да ги проследат настапите на театар „Славија“ од Република Србија и настапот на охриѓанецот Владимир Василески – Четкар и неговиот секстет.
Имам чест да го најавам овогодинешното учество на „Бело лето“, на две атрактивни уметнички групи и тоа пред се, нашата најпозната ѕвезда, можеби најпозната македонска и балканска ѕвезда во светот на џез музиката, Владимир Василески – Четкар заедно со неговиот секстет, кој ќе настапи на плажата „Лабино“ во многу атрактивна атмосфера и во издание што до сега не било понудено на охридската публика и на гостите и туристите во Охрид, а тоа е концерт на зајдисонце на плажата која што можеби дава најубав поглед на зајдисонцето во Охрид, каде што ќе биде поставена сцената, а голем дел од публиката ќе има можност да ужива на чамци и пловни објекти кој што ќе бидат распослани во водите покрај „Лабино“. Тоа ќе биде еден настан во кој што ќе можат да се сладат сите сетила, не само да уживаат во звуците, туку и во прекрасниот амбиент и пејсажите на плажата „Лабино“. Понатака веднаш после овој настан во 21 часот во предворјето на црквата Св. Софија ќе настапат нашите гости од Белград, односно театарот „Славија“ со претставата „Коштана“, изјави градоначалникот Бакрачески.
Почетокот на настапот на Владимир Василески – Четкар и неговиот секстет е закажан за 19:00 часот.
Му благодарам на градоначалникот за оваа најоргинална идеа која е една од најкреативните работи кои ќе се случат во Охрид од аспект на музички и уметнички план, бидејќи да се направи концерт на „Лабино“ е навистина еден чекор напред од стандардните размислувања, бидејќи тоа е место кое ние охриѓани и туристите го знаеме како едно од најволшебните места во Охрид, изјави Владимир Василески – Четкар.
Театарот „Славија“ е мошне популарен театар во Република Србија но и пошироко. Покрај сопствените продукции биле домаќини на повеќе од 150 театри од околу 50 држави, а имаат учествувано на повеќе од 60 домашни и меѓународни театарски фестивали.
Најпрвин сакам да се заблагодарам на нашите домаќини што не повикаа. Да се биде во ваков убав град и да се игра претстава во таков амбиент каков што е предворјето во Св. Софија е навистина несекојдневен настан, изјави директорот на театарот, Батрич Заркович.
Главните ликови во претставата ќе ги играат Жарко Степанов како Стојан и Весна Пасторовиќ како Коштана. Почетокот на претставата е закажан за 21 часот.
Извор: www.ohrid.gov.mk |