Денес дел од екипите при Ј.П. "Охридски Комуналец" спроведоа акција за
расчистување на потегот од автокампот "Љубаништа", се до викендиците. Ова
место во текот на сезоната го користат диви кампери и позади себе оставаат
големи количини на отпад. Од страна на претпријатието беше темелно исчистен
целиот потег и отпадот беше уредно подигнат. Апел до надлежните служби да
преземат мерки, да не би се користел просторот за таква намена. Истата слика
се повтори и на плажата "Лабино", како и во околната шума која секојднево е
запоседната со 15-тина до 20 шатори.
Повеќе...
Извор: www.ohrid.gov.mk |