Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ „ РЕКОНСТРУКЦИЈА НА КЕЈ МАКЕДОНИЈА“
Untitled Document

Утре на  26.10.2018 година (петок) ,  со почеток во 12 часот, во големата сала на општина Охрид, ќе се одржи презентација на проектот ,,Реконструкција на Кеј Македонија “, . По обраќањето на  градоначалникот Јован Стојаноски, пред присутните ќе биде презентиран овој исклучително важен проект, а потоа ќе следи дискусија.

На настанот ќе присуствуваат претставници на изработувачот на основниот проек ,,Астрекс“  од Скопје, Министерство за животна средина и просторно планирање, Хидробиолошки институт, Заводот за здравствена заштита , Комисија за заштита на природно и културно наследство на Охридски регион, Единицата за спроведување на проектот ,,Локална и регионална конкурентност“, ПЛРК, Капетанијата на пристаништа , Еколошкото друштво „ Грашница“, „ Охрид СОС“, ХОТАМ, Туристички кластер ЕДЕН, Здружението на водичи „ КЕЈ“ , јавните комунални претпријатија од Охрид, невладини организации и граѓани.

Прочитано:  376  пати
Објавено на: 25.10.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©