Општина Охрид утре ќе ја одбележи годишнината од смртта на Марко Бошнаков.
Во 11 часот пред спомен обележјето кај неговата родна куќа во стариот дел на Охрид ќе биде положено свежо цвеќе. Точно напладне во просториите на државниот архив во Охрид ќе биде одржан историски час и запознавање со историскиот материјал за Марко Бошнаков.
Програма за одбележување на годишнината од смртта на Марко Бошнаков
Датум : 27.02.2019 ( среда)
- Полагање свежо - цвеќе пред спомен –обележјето на Марко Бошнаков
Место : родна куќа на Бошнаков
Време : 11.00 часот
- Историски час и запознавање со историскиот материјал за Марко Бошнаков
Место : Државен архив на Р.Македонија П Е – Охрид
Време : 12.00 часот |