Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТО НА Ј.П. „ГРАДСКИ ПАЗАР“
Untitled Document

Директорката на Ј.П. „Градски пазар“, Кристина Крлеска Деспотоска, денес даде отчет за сработеното во првата година од нејзиниот мандат.

Во продолжение го објавуваме интегрално обраќањето на директорката:

Измина една година од како сум назначена за директор на претпријатието ЈП Градски Пазар од страна на Градоначалникот на општина Охрид проф. Др Јован Стојаноски. Водејќи се на принципите на транспарентност и отчетност можам да кажам дека изминитите 12 месеци претпријатието поради изградбата на затворениот Зелен пазар претрпе одредени потешкотии како финансиски така и отежнати услови за работа во пазарот. Со оглед дека се работи за времен карактер и за објект кој е значаен за градот Охрид и е од јавен интерест за граѓаните, менаџерскиот тим со максимална посветеност и домаќинско работење се трудеше да обезбеди континуитет, квалитет и достапност на услугите како и заштита на правата на корисниците и потрошувачите.

Од финансиски аспект со гордост мошеме да кажеме дека во приходниот дел претпријатието имаше значително зголемување на приходите од основната дејност и значително намалување на расходите по сите ставки, особено во делот на репрезентација, службени патувања и гориво ,споредбено со изминатата година намалени се трошоците приближно  за 1.300.000 денари.

Во делот на финансиското работење сите подетални информации можат да се видат на нашата веб страна.

Анализирајќи ги потребите и барањата на жителите на нашиот град , ние во рамките на нашите дејности, отворивме  мини зелен пазар на улица Сирма Војвода кој на наше големо задоволство беше позитивно прифатен од страна на граѓаните , а и остваривме дополнителни финансиски приходи. Веднаш до мини пазарот со Согласност на општина Охрид обезбедивнме и простор за кванташки пазар.

Покрај основните дејностите кои ги обавува јавното претпријатие врши градежни дејности од помал обем .

Во соработка со Фондот за Комунален развој при Локалната самоуправа превземени се повеќе активности за одржување на јавни површини и објекти на територијата на Општина Охрид:

Оградување на мост во с.Лакочереј, с. Орман, ул.Прилепска;

Поставување на метална ограда и врата  во Општина Охрид;

Санација на детски игралишта;

Санација на фудбалско игралиште во с.Лескоец и с.Велгошти;

Оградување и санација на големо и мало фудбалско игралиште во Долно Лакочереј

Изработка на метална конструкција на трибините во спортската сала во Биљанини Извори;

Оградување и санција на игралиште  на големо и мало фудбалско игралиште во Горно Лакочереј;

Санација на мало фудбалски игралиште на локациите Стобекс,Бозо, Отекс, Бараки, ул.Пере Тошев, Окта, ул.Крали Марко;

Јавното претпријатие како опшествено одговорно претпријатие учествуваше во санација на штетите кои беа предизвикани од елементарни непогоди кои го зафатија нашиот град, како и во низа активности кои беа од хуманитерен карактер .

Со нашата дејност го продолживме традиционалениот велигденски саем со што извршивме анимација не само на граѓаните на општина Охрид, туку и на туристите кои го посетуваат Охрид за велигденските празници.

Ќе продолжиме во континуитет финансиски да го консолидираме претпријатието и да создаваме нови проекти. Ќе продолжиме да работиме транспарнетно и отчетно да ја вршиме нашата дејност, при тоа водејќи сметка да бидат задоволени потребите не само на граѓаните на општина Охрид туку и на туристите кои го посетуваат нашиот град.

Прочитано:  242  пати
Објавено на: 20.11.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©