Се повикуваат граѓаните на Општина Охрид кои сметаат дека невремето проследено со ветер, силен дожд и град кое го зафати подрачјето на Општина Охрид на 06.05.2018 година, им има нанесено материјална штета на нивните имоти ( земјоделски површини засадени со култури, станбени објекти, земјоделски објекти, деловни простори) , истата да ја пријават во просториите на општина Охрид.
Пријавувањето на штетите може да се изврши секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот од 08.05.2018 година (вторник), во Општински услужен центар, во архива на Општина Охрид, или на телефонскиот број 046/262-493 локал 206.
Лице за контакт од Општина Охрид за пријавување на штетите е Дипл. Земјоделски инжинер Радован Вељаноски, Претседател на Општинската комисија за проценка на штети од елементарни непогоди.
Покрај барањето, пријавите треба да бидат дополнети со фотокопија од лична карта, фотокопија од трансакциска сметка и доказ за сопственост на имотот (имотен лист), а доколку лицата поседуваат фотографии истите да ги приложат кон барањето. |