Општина Охрид заедно со ЕВН Македонија деновиве постави два
електрични полначи за хибридни возила во строгиот центар на градот. Проектот
од технички аспект е целосно реализиран. Во моментов се врши брендирање на
станиците и нивно одбележување по што ќе бидат ставени во функција.
Со цел да се стимулираат охриѓани да купуваат хибридни возила на
електричен погон кои не ја загадуваат животната средина општина Охрид со
одлука на Совет овозможи бесплатно паркирање за сопствениците на хибридни
возила на целата територија на Охрид во текот на годината.
|