Со прогласувањето на независноста на нашата татковина, Република Македонија, точно пред 27 години, се оствари сонот што многу генерации Македонци го сонуваа. 8. Септември е денот кој што потсетува на предизвиците што нашата нација успеала да ги надмине и да го оствари вечниот стремеж за независна Македонија и подобро утре. Денес, Република Македонија цврсто го гради својот пат кон економскиот напредок со постојано зголемување на демократските капацитети, а општина Охрид има историска можност целосно да се посвети на градење просперитетна иднина, надминувајќи ги сите недоследности кои го оптеретуваат неговиот развој. Верувам дека, охриѓани, кои се столб на македонската историја и култура, ќе продолжат да го даваат својот значаен придонес за просперитетна иднина на сите граѓани. Нека ни е среќен и вековит празникот – Денот на независноста на Република Македонија. – Стои во честитката на градоначалникот Стојаноски. |