Свеченостите по повод одбележувањето на 7. Ноември- Денот на ослободувањето на Охрид започнаа со полагање на свежо цвеќе на спомен обележјата од Народоослободителната и антифашистичката војна во Македонија.
Делегации на општина Охрид, политичките партии и невладините организации положија свежо цвеќе во Спомен-паркот на Револуцијата, спомениците на паднатите борци во градските гробишта, спомен бистите на Петре Пирузе пред Основниот суд, на Мите Богоевски во дворот на СОУС „ Св. Кирил и Методиј“ и на спомен бистите на Андон Дуков и Спас Банџов во градскиот парк.
Пред спомен бистата на Јасна Ристеска во селото Рамне, делегациите положија свеж цвеќе, а во нејзина чест се одржа и Панахида.
|