Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
АМБАСАДОРОТ НА ИТАЛИЈА ВО МАКЕДОНИЈА КАРЛО РОМЕО ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ОХРИД
Untitled Document

Градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски денеска го прими амбасадорот на Италија во Р. Македонија, Н.Е. Карло Ромео.

Двете страни разговараа за  можностите од остварување  културна соработка, трговска размена меѓу Македонија и Италија, а беа разгледани  и условите за влегување на италијански инвеститори во Македонија.

На работната средба се стави   акцент  и  на владината одлука од месец март годинава според која италијанскиот јазик станува втор задолжителен јазик за изучување во  училиштата низ земјава. Беше подвлечено дека токму промовирањето на Италија и италијанската култура преку изучување  на италијанскиот јазик  е она на што се работело изминатиот период.

На задоволство на двете страни беше истакнато дека реномираниот фестивал Охридско Лето и годинава ќе ја добива поддршката  од италијанската  амбасада.

Градоначалникот Стојаноски истакна дека општина Охрид е отворена за секој вид соработка којашто е во насока на развој на градот и е за доброто на Охриѓани. На  крајот на средбата беше заклучено дека  Охрид како колевка на писменоста и културата мора да воспоставува поблиски врски и да гради пријателски односи со светски познати градови на културата од Италија.

Во рамки на еднодневниот престој во Охрид, амбасадорот Ромео имаше состанок со директорите на основните и средни училишта од Охрид и со професорите по италијански јазик и одблизу се информира за состојбата во образовните институции и интересот кај учениците за изучување на италијанскиот јазик.      

Прочитано:  1487  пати
Објавено на: 03.05.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©