По повод почетокот на славењето на големиот празник на граѓаните со
муслиманска вероисповед Курбан- Бајрам, градоначалникот Никола
Бакрачески со дел од соработниците, денеска присуствуваше на обичајот на
принесување на курбанот- жртвата. Беа принесени девет глави добиток, а
месото солидарно беше поделено на повеќе од триста семејства од
социјално ранливи категории од Охрид.
-Ви го честитам големиот верски празник
Курбан-Бајрам и Ви посакувам да ја продолжите традицијата на обичаите кои
сте ги наследиле од постарите генерации.Преку нив се слави солидарноста,
хуманоста и правењето добри дела. Тоа се универзални вредности кои стремат
кон искрен соживот, меѓусебно разбирање и давање придонес за развој на
општествената заедница- рече градоначалникот Никола Бакрачески.
Во името на организаторите,Фаик Бајрам изрази благодарност до
градоначалникот Бакрачески и Локалната самоуправа за поддршката на овој
настан, со уверување дека и во иднина ќе се почитува долгата традиција на
взаемно почитување и изградба на заедничка подобра иднина за сите граѓани.
Извор: www.ohrid.gov.mk |