Маскирани во пеперутки, самовили, супер херои, вештерки, пчели и бубамари најмладите охриѓанчиња згрижени во ЈОУГД „Јасна Ристеска“ го одбележаа светскиот ден на шегата први април. На забавата организирана на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ меѓу присутните беше и градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски.
Први април е денот кога никој нема да ви се налути, доколку го и излажете или некој ве излаже вас, ден кога освен правењето разни шеги и будалаштини, дозволено е и маскирање и имитирање на некој друг.
Забавите на Охридскиот плоштад по повод 1-ви април имаат традиционален карактер.
|