Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОДЛУКА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА ЗА ПЛАНСКИОТ ДОКУМЕНТ ДУП ВО УЗ 16 ДЕЛ ОД УБ 16.1 – ОПФАТ 3 КО ВЕЛЕСТОВО, ОПШТИНА ОХРИД
Untitled Document

Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина („Сл.весник на РМ “
бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15и
39/16), Општина Охрид,  на ден година,  29.01.2018год. донесе

Одлука за спроведување на стратегиска оцена

  1. За планскиот документ ДУП во УЗ 16 дел од УБ 16.1 – опфат 3 КО Велестово,  општина Охрид,  кој го донесува Општина Охрид е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина .
  2. Како органи засегнати од имплементацијата на планскиот документ ДУП во УЗ  16  дел  од  УБ  16.1  –  опфат  3  КО  Велестово,   општина  Охрид,   кој  го донесува Општина Охрид ,  се определуваат следните: Министерство за заштита на животната средина и просторно планирање ,  Општина Охрид и НП „Галичица “
  3. За  планскиот    документ  ДУП  во  УЗ  16  дел  од  УБ  16.1  –  опфат  3  КО Велестово,  општина Охрид,  за чија изработка е одговорна општина Охрид,  а го донесува Советот на Општина Охрид,  донесувањето на овој плански документ ќе има влијание врз животната средина
  4. Обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следните аспекти:Влијанието на развојните решенија во поглед на осетливите елементи на  животната  средина  на  планираниот  опфат(вода,   почва,   управување  со отпад,  природното и културно/археолошко  наследство).
  5. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Охрид на следната веб адреса/и:www.ohrid.gov.mk
  6. Против ова одлука јавноста има право на  жалба до Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната .

Прочитано:  1454  пати
Објавено на: 06.02.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©