Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ДЕБАТА ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО И ПЛАНИНИТЕ
Untitled Document

На античкиот театар, денес, се одржа дебата со млади и невладини организации на која учествуваа градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, државниот министер за Европа при германското МНР, Михаел Рот и заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули.

На дебатата се зборуваше за предизвиците и активностите во заштитата на животната средина, охридското езеро, планините како и улогата на граѓанскиот активизам и ЕУ членството.

Присутните се интересираа за придобивките  во заштитата на животната средина од евентуалното ЕУ членство и какви чекори преземаат институциите во заштитата на блатото и Охридското езеро.
Градоначалникот Стојаноски и заменик министерот Макрадули, ги образложија идните чекори во заштитата на животната средина, особено во охридско - струшкиот регион.

Дебатата беше организирана од Министерството за надворешни работи, и Амбасадата на Сојузна Република Германија, во соработка со Општина Охрид и Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија.

Прочитано:  558  пати
Објавено на: 14.09.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©