Градоначалникот Јован Стојаноски, ја повлече од дневен ред точката за утврдување на висината на надоместокот за поставување на урбана опрема од денешната седница на Советот на Општина Охрид.
-За неколку дена ќе закажеме средба со угостителскиот еснаф и отворено ќе ги искажеме ставовите и ќе продискутираме околу комуналната такса и надоместокот за поставување на урбана опрема. Точката којашто беше поврзана со надоместокот за урбана опрема на оваа седница ја повлековме и ќе ја разгледуваме на наредната седница, а до тогаш ќе ги обавиме потребните консултации. Тоа е сосема коректно и легитимно од страна на градоначалникот кога реагираат граѓаните и оние кои се засегнати од оваа одлука. - истакна градоначалникот Јован Стојаноски.
Градоначалникот Стојаноски посочи дека во јавноста се создал погрешен впечаток за јавните давачки на угостителите, укажувајќи дека корекција има само во еден сегмент.
-Поскапувањето беше само во делот на поставување на урбана опрема и тоа само во делот на поставување на маси и столици и периодот во кој може да се постави таа урбана опрема.- објасни градоначалникот Стојаноски.
Наскоро се очекува средба на градоначалникот Стојаноски и Еснафот на угостители од Охрид, на која ќе бидат усогласени сите отворени прашања на оваа тема |