Надлежните екипи се на терен во текот на целиот ден, откако нашиот регион е погоден од силни врнежи од дожд. Најмногу дожд до 16:00часот наврнаа токму во Охрид, и тоа 22 литри на метар квадратен
Градската мрежа тешко ја прифаќаше надојдената вода, па екипите на „Нискоградба“реагираа соодветно на повеќе точки. Се санираше делот кај кафе барот „Аквариус“, се работеше и на Булеварот „Туристичка“ и на повеќе локации во градот.
Екипите остануваат будни затоа што според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), времето вечерва и преку ноќта ќе биде облачно на повеќе места со слаб до умерен дожд. Вечерва врнежите ќе се почести во западниот регион, каде на одредени места се очекува да наврнат и нови 60 литри на метар квадратен.
Утре локално се очекува да наврнат над 25 литри на метар квадратен, а на терен ќе останат дежурните екии на ЈП.
|