Пред претставниците на секторите за развој, туризам и транспорт од општините Охрид и Струга, денеска во општина Охрид, беше претставена Андроид-апликацијата „swmacedoniaattractions“- ( атракциите во Југо- западниот регион на Република Македонија).
Апликацијата ја изработи Центарот за развој на југо-западниот плански регион во соработка со тимот на фирмата ГДИ од Скопје, а со поддршка ма меѓународната донаторска заедница.
Апликацијата е наменета за посетителите во регионот и нуди можности за запознавање со природното и културното богатство, при што се поставени стотина значајни локалитети.
Преку нив се нудат и можности за развој на планинарење, велосипедизам, скијање и други рекреативни активности.
На денешната средба се разговараше и за можностите за развивање проект за модерен транспорт во туристичките центри Охрид и Струга. Двата туристички центри се заинтересирани за изработка на ваков проект кој ќе овозможи брзо и ефикасно решавање на локалниот транспорт, со што ќе се олесни движењето на граѓаните, но и домашните и странските туристи.
|