Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЧЕСТИТКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ ДО МАКЕДОНСКАТА ПОЛИЦИЈА
Untitled Document

По повод 7 мај, Денот на Македонската полиција, градоначалникот Никола Бакрачески, до припадниците на Министерството за внатрешни работи, упати честитка во која стои:

- Денес кога Македонскта држава е исправена пред нови предизвици, вие како припадници на министерството за внатрешни работи, ја имате одговорноста како и многу пати во минатото, да бидете последната брана за зачувување на мирот, безбедноста и правниот поредок на Република Македонија. Верувам дека и овој пат ќе бидете на висината на задачата со која безбедноста и сигурноста на сите граѓани ќе биде гарантирана. Граѓаните на Република Македонија се свесни за сите ваши ризици со кои се соочувате, но и непоколебливо веруваат во вашата професионалност и посветеност, на што можете да бидете особено горди. Примете ги искрените честитки за Денот на Македонската полиција – се истакнува во честититката на градоначалникот Никола Бакрачески.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1378  пати
Објавено на: 06.05.17
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©