Не поминаа ниту десеттина дена откако беше хортикултурно уреден новиот
дел на патеката и заменети украдените садници према хотелот "Парк",
несовесноста на граѓаните продолжува. Забележана е нова и поголема кражба,
каде што се украдени 40-тина садници од видот "Џунџуле" и 6 украсни
зимзелени садници, што предизвикува неубава глетка за пешаците и туристите
што циркулираат на тој дел од градот.
Повеќе...
Извор: www.ohrid.gov.mk |