Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
НЕДЕЛА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Untitled Document

Општина Охрид во рамките на одбележувањето на 5-ти Јуни- Светскиот ден на животната средина, првата  недела од месец јуни ја прогласи за „Недела на  животната средина“ во која ќе бидат опфатени повеќе активности.

Целта на организирањето на оваа „Недела на животната средина“ е што повеќе да се укаже  на проблемите од областа на екологијата и да се влијае на подигањето на јавната свест на граѓаните за заштита на животната средина.

Во текот на одбележувањето на неделата на животната средина предвидени се повеќе активности.Ќе се реализира проектот „Цветни балкони - Цветен Охрид “, при што ќе бидат поделени 400 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат на следните улици:
„Македонски просветители“ од пресекот со бул.„Туристичка“ до кеј „Македонија“ , „Димитар Влахов“ од пресекот со бул. „Македонски просветители“ до пресекот со ул.„Јане Сандански“ , „Партизанска“ од пресекот со бул.„Македонски просветители“ до пресекот со „АСНОМ“ ,
кеј „Македонија“ од пристаниште до „АСНОМ“ , улиците „Страшо Пинџур“ , „Ванчо Николески“ , „Серафим Китаноски“ , „ Војдан Чернодрински“ , „Кузман Јосифовски“ , „Спас Банџов“ и „Славеј планина“ .

Акцијата ќе се реализира на 04 јуни (понеделник) и 05 јуни (вторник) 2018г.
Делењето на цвеќињата ќе се изврши во расадникот на ЈП „ Охридски комуналец“ во времето  од 9 до 13 часот.Граѓаните од горе споменатите улици, цвеќето ќе можат да го подигнат со лични документи за идентификација од кои ќе биде видлива адресата на живеење.

Акција за собирање на стара хартија ќе се реализира во соработка со основните и средните  училишта од Охрид.Акцијата за собирање на стара хартија наменски се организира на крајот од школската година за да можат учениците да ги донесат сите непотребни списанија,тетратки и друга хартија во дворот на нивното училиште каде ќе бидат поставени соодветни садови за одлагање на хартијата. Во акцијата ќе се вклучат и вработените во Општина Охрид , а ќе можат да учествуваат и сите граѓани и институции од  Охрид, кои исто така својата отпадна хартија можат да ја донесат до за нив најблиското училиште или во кругот на општинската зграда каде ќе биде поставен соодветен сад за собирање на хартијата. Акцијата за собирање на стара хартија ќе се одвива на 04 и 05 јуни ( понеделник и вторник) 2018година од 8 до 15 часот.

Прочитано:  1362  пати
Објавено на: 31.05.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©