Градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски, заедно со Претседателката на општинскиот Совет , Живка Ангелоска, шефот на кабинет Илија Пиперкоски и директорката на ЈП „Градски пазар“, Кристина Крлеска присуствуваа на свеченоста што по повод 35 години од формирањето на КУД “Отекс“ се одржа синоќа во ЦК Григор Прличев“ во Охрид.
Во преполната сала играорците ги играа познатите сплетови и ора. КУД „Отекс“ е формирано во 1983 година на иницијатива на тогашниот директор на текстилниот гигант „Отекс“.
Во ова друштво членуваат повеќе од 200 играорци поделени во три групи: детски состав, втора и прва група. КУД „Отекс“ во 2011 година се преименува во фолклорен ансамбал чии членови имаат пропатувано во многу земји низ Светов и учествувано на многу меѓународни фестивали.
|