Денес дел од екипите на Ј.П. "Охридски Комуналец", покрај тековните
активности, беа ангажирани на уредување на повеќе локации. О.У. "Христо
Узунов" хортикултурно се уредуваше, се косеше тревата во дворот и се
кастреше неуредната вегетација пред почетокот на школската година. Се
чистеше отпад и се косеше тревата на тротоарите околу училиштата "Братство
Единство" на ул. "Стив Наумов" и на ул. "7ми Ноември", како и околу
градинката на ул. "Пере Тошев", а освен тие улици беа опфатени со косење и
чистење и улиците "Ариф Мустафа", "Аџи Мустафа", "Бистрица", "Шар Планина" и
"Никола Петров Русински".
Повеќе...
Извор: www.ohrid.gov.mk |