Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ФИНАСИСКА ПОДДРШКА ЗА ОРГАНСКО ПРОИЗВОДСТВО
Untitled Document

Им се соопштува на  земјоделските стопанства и откупувачи на земјоделски производи дека е во тек рокот за поднесување на барања за финансиска поддршка за органско производство и ќе трае до 25 декември 2017 година.

Барања се поднесуваат за следните намени:

-Преработка на органски производи и производи во преод од домашно производство, вклучително доработка и пакување на самоникнати видови со органско потекло

-Трговија или извоз на свежи и преработени органски производи и производи во преод од домашно потекло

 -Стручна контрола и сертификација

 -Анализа на својства на почва и производ кај земјоделски стопанства кои имаат извршено агрохемиски, педолошки или анализа на остатоци од пестициди, тешки метали и други материи на почва и во органски производи во 2017 година. 


Барањата се поднесуваат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Воедно потсетуваме дека до 25 декември 2017 година се поднесуваат барања и за финансиска поддршка за произведени и продадени градинарски и овошни култури во прерабоувачки капацитети и винско грозје во регистрирани капацитети за прозводство на вино во Република Македонија.

 За подетални информации слободно контактирајте со Канцеларијата за административни работи и стручна поддршка во развојот на земјоделството при Општина Охрид или на тел.046-230-175

 

Прочитано:  1626  пати
Објавено на: 15.12.17
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©