Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
О Г Л А С Бр. 01/2018 ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ВРЕМЕНО КОРИСТЕЊЕ НА ЛОКАЦИИ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА
Untitled Document

Врз основа начлен 80, член 80а и член 81од Законотзаградење („Сл.весникна РМ“ бр. 130/09, 124/10, 18/11, 36/11, 54/11, 13/12, 144/12, 25/13, 79/13, 137/13,163/13, 27/14, 28/14,42/14, 115/14, 149/14, 187/14, 44/15, 129/15, 217/15, 226/15, 31/16, 39/16, 71/16, 132/16и 35/18), член 34 од Статутот на општина Охрид, член 36 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр. 5/02),  Годишната програма  за поставување урбана опрема на подрачјето на општина Охрид за 2018 год. бр. 08-762/23од  29.01.2018год. („Сл.гласник на општина Охрид бр. 01/2018,) и Одлуката за утврдување на висината  на надоместокот (закупнината) за поставување  урбана опрема во општина Охрид бр 08-2455/9 од 28.02.2018 година, Градоначалникот на   Општина Охрид објавува:

О Г Л А С Бр. 01/2018
ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ВРЕМЕНО КОРИСТЕЊЕ НА ЛОКАЦИИ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА

Општина Охрид издава простор за поставување урбана опрема за комерцијално користење.

Локациите за поставување на урбаната опрема се за следната намена:

  • Локации за поставување урбана опрема - фрижидери за продажба сладолед

Поставување фрижидери се предвидени на следните локации:
- по  должината  на кеј „Македонија“ вкупно 10 локации
- плоштад „Крушевска Република“ вкупно 1 локација
- левата  страна на пешачка улица кој води од парцелата за обука на водакон  месноста „Горица“ вкупно 1 локација.
На секоја локација можат да се постават максимално по 2 (два) стандардни фрижидери, стандардна корпа за отпадоци и чадор за сонце.
Графички приказ со нумерички ознаки на локациите се дадени во изводот од програмата за поставување урбана опрема за 2018 година

    • Локации за поставување урбана опрема за продажба книги;

Локациите  за продажба книги се наоѓаат на малиот плоштад кај Долна Порта,  вкупно 4 локации.
Продажбата на книги ќе се извршува на унифицирани тезги секојасо површина4м2.
Графички приказ со нумерички ознаки на локациите се дадени во изводот од годишната програма за поставување урбана опрема за 2018 година.

    • Локации за поставување урбана опрема за продажба уметнички слики

Локациите  за продажба уметнички слики се наоѓаат на малиот плоштад кај Долна Порта,  вкупно 8 локации.

Продажбата на уметнички слики ќе се извршува на просторсекојсо површина4м2.

Графички приказ со нумерички ознаки на локациите се дадени во изводот од годишната програма за поставување урбана опрема за 2018 година.

    • Локации за поставување урбана опрема за продажба сувенири;

Локациите за продажба сувенири се наоѓаат:

  • во близина на Билјанини извори вкупно 2 локации
  • на левата  страна на пешачката улица кој води од парцелата за обука на водакон  месноста „Горица“ вкупно 2 локации
  • на влезот во комплексот „Плаошник“ вкупно 4 локации

Продажбата на сувенири ќе се извршува на унифицирани тезги со димензии 2.00х1.00 м.
Графички приказ со нумерички ознаки на локациите се дадени во изводот од годишната програма за поставување урбана опрема за 2018 година.

    • Локации за поставување урбана опрема за продажба храна

Поставување урбана опрема за продажба храна е можно на следните локации:

  • - на кеј ,,Македонија“ вкупно 10 локации

Продажбата на храна ќе се извршува на просторсекојсо површина4м2.

Графички приказ со нумерички ознаки на локациите се дадени во изводот од годишната програма за поставување урбана опрема за 2018 година.

  • Локациите за поставување на урбаната опрема ќе се издаваат за времетраење од 90 (деведесет) денови.

Почетна  цена за издавање на локација е:

локација за поставување 2 фрижидери за продажба сладолед со почетна цена од 5.000.оо (петилјади) денари/месечно;

локација до 4 м2 за продажба книги на унифицирани тезгисо почетна цена од 8.000.оо (осумилјади) денари/месечно;

локација до 4 м2 за продажба уметнички слики со почетна цена од 8.000.оо (осумилјади) денари/месечно;

локација за продажба сувенири на унифицирани тезгиод 2 м2 со почетна цена 3.000.оо (триилјади) денари/месечно;

локација до 4 м2 за поставување  урбана опрема за продажба храна со почетна цена од 5.000.оо  денари/месечно.

4.1 Почетнитецени за издавање на локациите се однесуваат за период од 30 (триесет) дена.
4.2 Во почетната цена за издавање на локација не се содржани трошоците за комунална такса, одржување на хигиена, приклучок и трошок за електрична енергија.
4.3 Трошоците за хигиена, приклучок и трошок за користење на електрична енергија паѓаат на товар на најповолниот понудувач.
4.4 Трошокот за комунална такса изнесува 7,50 (седумденариипедесетдени)  од м2 дневно.
4.5 Договорите со најповолните понудувачи  за точка 2.1, 2.2, 2.3, 2.4 и 2.5 ќе се склучуваат за период од 90 (деведесет) денови.
4.6 Поставувањето на урбаната опрема ќе отпочне по склучување на договорот  и добивање на одобрение од Секторот за урбанизам и заштита на животната средина.

  • Доставување на понуди

5.1 Понуди можат да достават физички и правни лица регистрирани за вршење на дејноста наведена во точка 2 од овој оглас.
5.2 Понудувачот треба да достави:
- Понуда на унифициран образец; (Унифициранот образец може да се подигне во просториите на општина Охрид или на веб страната на општината www.ohrid.gov.mk
- Уплатница на име депозит за учество на износ од 3.000.оо (триилјади) денари.
Уплатата се врши на следната сметка:

Трезорска сметка:  1000000063095
Уплатна сметка:  84015206553
Приходна шифра:  723914 Програма 00

  • За правни субјекти   

Потврда за регистрирана дејност (издадена од Централен регистар на РМ или соодветен документ-доказ дека припаѓа на соодветно здружение-не постари од 6 месеци);

Потврда дека нема заостанати обврски кон општина Охрид-Локална самоуправа по основ комунална такса и закуп на локација; (потврдата ја издава Сектор за финансиски прашања при општина Охрид);

  • За физички лица

Фотокопија од лична карта
Потврда за вршење дејност издадена од надлежна институција

Понудите по точките 2.1, 2.2, 2.3, 2.4 и 2.5 да бидат со важност од 90 денови.
Депозитот на учесниците кои нема да бидат избрани за одредена локација е повратен, додека за учесниците кои ќе добијат локација  на јавното наддавање ќе биде одбиен од вкупната цена на склучениот договор.

  • Начин на доставување на понуда

Понудата треба да се достави во затворен плик со назнака:

НЕ ОТВОРАЈ“
Општина Охрид
Комисија за спроведување на оглас за прибирање понуди за
издавање на времено користење на локации за поставување
урбана опрема бр. 01/2018
Дел:______________ ,Локација бр.__________
(се внесува делот и бројот на локацијата за кој понудувачот учествува, на пример 2.1 продажба на сладолед, Локација бр. 5)
ул: „Димитар Влахов“ бр.57
6000 Охрид

Пример за адресирање на плик за достава на понуда:

„НЕ ОТВОРАЈ“
„Да не се отвора пред30.04.2018год.
15.00 часот.
Оглас бр.01/2018

Општина Охрид 
Комисија за спроведување на оглас за прибирање на понуди за издавање на времено користење на локации за поставување на урбана опрема бр. 01/2018
Дел:_______, Локација бр.__________
(се внесува делот и бројот на локацијата за кој понудувачот учествува)
ул „Димитар Влахов“ бр. 57
6000 Охрид

Понудата се доставува по пошта или лично во Архивата на општина Охрид.
Општина Охрид нема никаква одговорност за ненавремена достава на понудата, нејзино предвремено отворање или губење на истата.

  • Начин на отворање

Понудите да се достават најдоцна до  30.04.2018во 15.00 часот.
Електронското Јавното наддавање ќе се одржи по евалуација на доставените понуди. Јавнотонадавањеќесеодржина www.eaukcijaohrid.mk .  Напатствија ,инструкции и лозинкавописменаформаќедобијатситеучесницикоигиисполнилеусловитенамалку 3 (три) денапредјавнотонадавање.

За денот и часот  на јавното наддавање учесниците ќе бидат известени на контакт адресата на понудувачот и web страната на општина Охрид.

За избран ќе се смета понудувачот кој понудил највисока цена за локација под услов да ги исполнил условите предвидени во точка 5.2.

  • Предмет на јавно наддавање

Предмет на јавното наддавање е тримесечната конечна цена;

  • Склучување на договор

Договор ќе се склучи со понудувачот кој понудил највисока цена на јавното наддавање.
Договорот ќе се склучи во рок од пет дена од денот на правосилноста на Решението за избор на најповолен понудувач.

Пред склучувањето на договорот понудувачот е должен во целост да ги измири сите трошоци кои произлегуваат од постапката вклучувајќи ја и комуналната такса.

Графичките прикази со нумерички ознаки на локациите за поставување урбана опрема заинтерисираните субјекти можат да ги превзематод web страната на општина Охрид, www.ohrid.gov.mk или секој работен ден од 15.00-16.00 часот во просториите на општина Охрид.

 

Прочитано:  1601  пати
Објавено на: 13.04.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©