Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ШАХОВСКА ОЛИМПИЈАДА ЗА СЛЕПИ ЛИЦА

Петнаесеттата шаховска олимпијада за слепи и визуелно хендикепирани лица, која од 18 до 29 јуни се одржува во хотелите Метропол и Белви во Охрид, синоќа, во името на градот домаќин, за отворена ја прогласи заменик градоначалник Ангел Јанев.На олимпијадата, која се одржува со помош на Општина Охрид, учествуваат шахисти од триесет земји од светот.

 

-Особено сме почестени што го одбравте Охрид, за место на одржување на Шаховската олимпијада и Ве уверувам дека не сте погрешиле, бидејќи овие денови ќе имате можност, да ја почувствувате нашата традиционална гостопримливост и реткиот амбиент и духот на древниот Охрид. За учесниците на овој голем настан, особено за гостите од светот, оваа олимпијада и престојот во Охрид, ќе бидат едно ретко пријатно доживување кое трајно ќе биде врежано во спомените. Тоа ќе биде дел од охридската приказна, која ќе ја понесете со себе и ќе ја споделувате со најблиските и пријателите. Таа, ќе трае и во иднина ќе ве мотивира и инспирира, со позитивна енергија да се справувате со сите нови предизвици. Се чувствувам возбудено кога говорам пред Вас, зошто се обраќам пред херои кои успеале слепоста и визуелната хендикепираност, да ја претворат во имагинарна слика , со која успешно чекорат низ реалноста. Особено за истакнување е фактот дека  со играњето шах, со посветеност, висока концентрација и напорна работа успевате да освојувате нови височини и да се справите со неограничените предизвици на древната игра- рече заменик градоначалникот Ангел Јанев.


Организаторите на оваа врвна спортска манифестација рекоа дека е привелегија и благослов е да се биде дел од овој настан во кој се споделуваат спортските радости и победи,  победи кои обврзуваат, постојано да се зголемуваат и унапредувааат можностите за социјална инклузија и интеграција во општеството и еднаквост на лицата со посебни потреби.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1391  пати
Објавено на: 19.06.17
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©