Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на
РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општината Охрид („Сл.гласник на
општина Охрид“ бр.8/2007,01/08,10/10,05/11,09/14 и 14/14), претседателот на
Советот донесува:
Р Е Ш Е Н И Е
ЗА СВИКУВАЊЕ НА ШЕСТАТА СЕДНИЦА
НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
ЈА СВИКУВАМ шестата седница на Советот на општина Охрид на ден 29.01.2018
година (понеделник) со почеток во 11.00 часот.
Седницата ќе
се одржи во зградата на Општина Охрид.
За седницата
го предлагам следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
Усвојување на Записниците од 4. и 5. седница
1. Предлог - одлука за разрешување и именување членови во Надзорниот
одбор на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ – Охрид.
2. Предлог - одлука за разрешување и именување членови во
Управниот одбор на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ – Охрид.
3. Предлог - одлука за разрешување и именување членови во
Училишниот одбор на ОУ „Св.Климент Охридски“ – Охрид.
4. Предлог - одлука за разрешување и именување членови од
Училишниот одбор на ОУ „Ванчо Николески“ с.Лескоец.
5. Предлог - одлука за разрешување и именување членови од
Училишниот одбор на ОМУ „Методи Патче“ – Охрид.
6. Предлог - одлука за разрешување и именување членови од
Училишниот одбор на ОУ „Живко Чинго“ с.Велгошти.
7. Предлог - одлука за разрешување и именување членови од
Училишниот одбор на ОУ „Христо Узунов“ – Охрид.
8. Предлог - одлука за разрешување и именување членови од
Училишниот одбор на ОУ „ Григор Прличев“ – Охрид.
9. Предлог - одлука за разрешување и именување членови од
Училишниот одбор на ОУ „ Братство - единство“ -Охрид.
10. Предлог - одлука за разрешување и именување членови од
Училишниот одбор на ОУ „Кoчо Рацин“- Охрид.
11. Предлог - одлука за разрешување и именување членови од
Училишниот одбор на ОУ „Св.Наум Охридски“ с. Пештани.
12. Предлог - одлука за разрешување и именување членови од
Училишниот одбор на ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ – Охрид.
13. Предлог - одлука за разрешување и именување членови од
Училишниот одбор на ОСУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид.
14. Предлог - одлука за разрешување и именување членови од
Училишниот одбор на ОУТУ „ Ванчо Питошески“ – Охрид.
15. Предлог - одлука за разрешување и именување членови од
Училишниот одбор на Средното општинско стручно училиште „Свети Кирил и
Методиј“ – Охрид.
16. Предлог – одлука за организирање одделни услуги од дејноста на ЈОУДГ
„Јасна Ристеска“ - Охрид во дел од просториите на Подрачното
училиште Рача при ОУ „Григор Прличев“ – Охрид.
17. Предлог – одлука за спроведување мерки за субвенционирање на трошоци
за комунални услуги.
18. Предлог – одлука за формирање Штаб за заштита и спасување.
19. Предлог – одлука за одобрување финансиски средства за материјално-
финансиска поддршка на спортски клубови на подрачјето на општина Охрид за
2018 година.
20. Предлог – одлука за предлагање за прогласување на чинарите во
поширокото градско подрачје во општина Охрид и кочеџикот во дворот на
црквата Св.Богородица Перивлепта во категорија - споменик на
природата.
21. Предлог – програма за поставување урбана опрема на подрачјето на
општина Охрид за 2018 година.
22. Предлог – одлука за утврдување на висината на надоместокот за
поставување урбана опрема во општина Охрид за 2018 година.
23. Предлог – одлука за донесување предлог - детален урбанистички план за
УЗ.16, дел од блок 16.1 - опфат 2, општина Охрид, плански период 2013–2018.
24. Предлог – одлука за утврдување нацрт - детален урбанистички
план за УЗ. 2, УБ. 2.3 - опфат 5, општина Охрид, плански период
2013–2018.
25. Предлог - одлука за изменување на одлуката за утврдување потреба од
донесување урбанистичко-планска документација за усогласување на намената на
земјиштето на КП.бр.3374 КО Охрид 4.
СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Претседател,
Живка Ангелоска
|