Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА СВЕТСКИОТ ДЕН НА БЛАТНИТЕ ЕКОСИСТЕМИ
Untitled Document

Постојаниот комитет на Рамсарската конвенција за блатните екосистеми овогодинешниот ден на Светскиот ден на блатни екосистеми го слави на тема „Блатните екосистеми за одржлива урбана иднина“.

Иако клучни за нашиот опстанок, блатните живеалишта се под голема закана од нивно изумирање. Блатните живеалишта спаѓаат во листата на најзначајни природни подрачја во смисла на зачувување на биолошката разновидност, еколошката продуктивност и во ублажување на последиците од екстремните временски непогоди. Природните катастрофи во значителна мера може да се ублажат или избегнат со мудро управување со реките, крајбрежието и блатните живеалишта. Сепак сведоци сме на се поголем притисок на овие вредни живеалишта и нивното континуирано исчезнување и покрај нивната голема способност да го апсорбираат и складираат јаглеродниот диоксид  со што придонесуваат за чист воздух.

Охридското Езеро е најстаро и најдлабоко природно езеро во Европа со над 200 ендемични видови и како такво е заштитено со Закон за заштита на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро од 1977 година , во категорија III – Споменик на природата. Како негов интегриран дел е и Студенчишкото Блато кое претставува природен филтер на езерото  во кое се застапени голем број на ендемични видови, има присуство  на растителни заедници, заедници со ограничено распространување, голем број на живеалишта на фауната од конзерваторски интерес, како и гнездилишта на голем број на птици и мрестилишта на значителен број на риби.

 Заради големото значење на Студенчишкото Блато како природен феномен зачуван со милениуми, Општина Охрид со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање ќе изготват Студија за валоризација на природни вредности на Охридското Езеро после која ќе се изврши ре- прогласување на Охридското Езеро и прогласување на Студенчишко Блато во целиот негов обем за заштитени подрачја од III категорија – Споменик на природата. Исто така на иницијатива на невладините организации Охрид SOS, Е.Д.Е.Н и ФРОНТ 21/24 и Министерството за животна средина и просторно планирање ќе се аплицира за номинација на Охридското Езеро и Студенчишко Блато во Светската Рамсарска Листа. Општина Охрид активно ќе се вклучи на овој процес, за што поскоро  приклучување на Охридското Езеро и Студенчишко Блато кон листата на блатни живеалишта од меѓународно значење.

 После прогласувањето на Студенчишко Блато во Споменик на природа, ќе се воспостават научно – истражувачките активности како приоритетни, ќе се стави во функција на користење во едукативна намена, а исто така ќе се искористат и можностите што ги нуди за развој на туристичката понуда на Охрид. 

 

Прочитано:  1663  пати
Објавено на: 02.02.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©