Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЗАПОЧНАА КУРСЕВИТЕ ПО РУСКИ ЈАЗИК
Untitled Document

Во Основното училиште  „ Христо Узунов„ , вечерва градоначалникот Јован Стојаноски, рускиот амбасадор во Република Македонија  Сергеј Александрович Баздникин и почесниот конзул и директор на Рускиот центар при Универзитетот „ Св. Кирил и Методиј“ Велимир Стојкоски, присуствуваа на првиот час на бесплатните курсеви по руски јазик. На курсевите по руски јазик, кои започнаа минатата година запишани се шеесетина посетители, од кои половината се почетници од различни старосни групи.

Изучувањето на странски јазици е богатство за луѓето и затоа сметам дека со организирањето на курсевите по руски јазик, на граѓаните им се овозможува да изучуваат јазик кој, како и македонскиот припаѓа на словенската група на јазици. Бројот на заинтересираните охриѓани, во споредба со минатата година е зголемен и се надевам дека курсевите во иднина ќе бидат уште повеќе посетени.За нас е посебно важно што курсевите покрај во Скопје се одржуваа во Охрид, центарот на ширењето на сесловенската писменост и култура - рече градоначалникот Јован Стојаноски.

Курсевите по руски јазик, како што е најавено, ќе се одвиваат по степени се до највисоко ниво на употреба на рускиот јазик.

Сакам да изразам посебна благодарност до општина Охрид и Основното училиште „ Христо Узунов“ кои ни помагаат  успешно да ја спроведеме оваа активност, која е дел од многуте проекти за продлабочувањето на соработката меѓу двете земји. Овие кусеви за изучување на рускиот јазик на посетителите ќе им овозможат полесно да се  запознаат со руската уметност, култура и техничко-технолошкиот развој- истакна меѓу другото рускиот амбасадор Баздникин.

На првиот час, заеднички беше впечатокот на посетителите дека со изучувањето на рускиот јазик се градат нови мостови за соработка и пријателство меѓу Охрид, Република Македонија и Руската федерација.

 

Прочитано:  225  пати
Објавено на: 30.10.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©