Општина Охрид упатува апел до сите доставувачи на роба во Охридската чаршија истата да ја реализираат со мали моторни возила поради новогодишното украсување на градов што започна денес. Доставувањето на робата да се врши внимателно со цел да не се оштети Ѕвезденото небо што ќе блесне над чаршијата и градскиот плоштад и да не се уништат останатите новогодишни реквизити. Доставувањето на роба со мали возила во чаршијата ќе биде се додека новогодишните реквизити го красат Охрид. |