Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОХРИД ДЕНЕС СЕ ПОКЛОНУВА НА СВОЈОТ ЗАШТИТНИК СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ
Untitled Document

Денес Охрид и охриѓани го слават и се поклонуваат на својот заштитник Свети Климент Охридски. Чествувањата утринава започнаа со свечена литургија во Свети Климентовата црква на Плаошник. На литургијата присуствуваше градоначалникот Јован Стојаноски и гостите од повеќе збратимени градови кои се во посета на Охрид.

Градоначалникот Стојаноски и делегациите од збратимените градови, претставници на политички партии и претставници на училиштата кои го носат името на светецот, се поклонија  и положија свежо цвеќе пред споменикот на Свети Климент Охридски во дворот на основното училиште кое го носи името на светецот и на централниот градски плоштад.

Празнувањата ќе продолжат со Свечена Академија, која ќе се одржи во хотелот Инекс, на која ќе бидат доделени годинашната награда и повелби, Патрон на градот Свети Климент Охридски.

Прочитано:  1458  пати
Објавено на: 08.12.17
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©