Традиционално и оваа година на плоштадот „Крушевска република“ започна фестивалот на „Вино и сирење“. На Фестивалот кој ќе трае два дена, односно 11-ти и 12-ти август учество ќе земат 12 излагачи, кои своите производи ќе ги излагаат од 20 часот. Фестивалот за отворен го прогласи заменик градоначалникот Ангел Јанев.
Почитувани учесници на традиционалниот „Фестивал на вино и сирење“, почитувани присутни, дами и господа.Во името на организаторот-Локалната самоуправа, градоначалникот Никола Бакрачески и во мое име Ви посакувам вечерва и утре да уживате во неповторливиот амбиент, вкусовите и сласта на виното и сирењеро и настапите на учесниците на Интернационалниот фолклорен фестивал „Македонско сонце“ . Локалната самоуправа, со организираењето на овој, како и на другите фестивали, културни и спортски настани успешно ја реализира стратегијата за збогатување на туристичката понуда и привлекување на домашни и странски туристи, чиј број постојано се зголемува.Правиме се нивниот престој во древниот Охрид да биде активен и да биде спој меѓу ретките природни и културни реткости, бројните манифестации и да ги вкусат специјалитетите на нашата традиционална кујна, истакна Јанев.
Охриѓани и гостите ќе имаат можност да уживаат во различните вкусови на виното и сирењето произведено во Македонија. Фестивалот ќе биде збогатен и со културно – забавна програма.
Извор: www.ohrid.gov.mk |