Градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски денеска одржа работна средба со постојните и новозаинтересираните закупци на охридските плажи на која се разговараше за текот на постапките околу закупување на плажите во пресрет на летната туристичка сезона. Закупците беа информирани дека согласно одлуката на градскиот Совет почетната цена за издавање под закуп за метар квадратен ќе биде 90 денари. Цената се однесува за плажите во централното градско подрачје и првата зона , а наддавањето ќе биде по електронски пат и се очекува да се реализира наредниве денови. Плажите кои нема да бидат дадени под закуп во првиот круг ќе има второ и трето наддавање. Плажите ќе се даваат под закуп за период од 5 години.
На средбата се разговараше и за последиците од штетите на охридските плажи по невремето во месец март годинава.
Денешната беше трета по ред работна средба на градоначалникот Јован Стојаноски со закупците на охридските плажи пред почетокот на летната туристичка сезона. Во насока на побрзо решавање на проблемите со кои тие се соочуваат , градоначалникот најави идни вакви средби .
|