Секторот за туризам и ЛЕР и Канцеларијата за стручна поддршка на развојот на земјоделството на Општина Охрид, им соопштува на сите заинтересирани правни и физички лица дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој објави Jавен повик 01/2017 за доставување барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2017 година за следната мерка:
Мерка 131 – Економско здружување на земјоделски стопанства за заедничко вршење на земјоделска дејност и финансиска поддршка за основање и функционирање на земјоделските задруги
Средствата се предвидени за:
Основање и функционирање на земјоделски задруги регистрирани во Регистар на земјоделски задруги при МЗШВ
Помош за премии за осигурување во вид на надоместок на дел од трошоците за осигурување и тоа во висина која нема да надминува 70% од трошокот за осигурување на производните капацитети на земјоделска задруга од мал обем и 80% за осигурување на производните капацитети на земјоделската задруга од голем обем, но не повеќе од 3.000.000, денари на годишно ниво.
Финансиската поддршка за основање на земјоделските задруги е наменета за покривање на дел од трошоците за основање на земјоделската задруга, плата за лице управител на земјоделската задруга како и прифатливи трошоци за ангажирање на едно лице од областа на земјоделските науки и ветерината согласно со видот на земјоделската задруга.
Поддршката за оваа мерка ќе се исплаќа квартално по доставените барања за исплата во неколку квартали и тоа:
- Прв квартал – најдоцна до 15 април 2017 година
- Втор квартал – најдоцна до 15 јули 2017 година
- Трет квартал – најдоцна до 15 октомври 2017 година
- Четврт квартал – најдоцна до 15 декември 2017 година
Подетални информации заинтересираните можат да добијат на тел. 02 3097-460 , на веб страната www.ipardpa.gov.mk или на телефонот 046-230-175 на Секторот ТЛЕР Канцеларија за административни работи и стручна поддршка на развојот на земјоделието при Општина Охрид.
Извор: www.ohrid.gov.mk |