На последната, седумдесет и шеста седница, денес Советот на општина Охрид
ја усвои информацијата за работата во мандатниот период 2013-2017 година,
како и одлуката за отпис на основни средства - компјутери. На седницата што
се одржа во свечена атмосфера, заеднички беше констатирано дека Советот на
општина Охрид во изминатите четири и пол години успешно ја изврши
својата функција, носејќи одлуки во интерес на граѓаните и развојот на
Охрид.
Извор: www.ohrid.gov.mk |