Градоначалникот Д-р Јован Стојаноски, формира стручна комисија која треба да ги разгледа пристигнатите кандидатури, да изврши рангирање и да му достави предлог за доделување на наградата „ Патрон на градот- Св.Климент Охридски“.
Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр.5/02) член 34 од Статутот на Општина Охрид (Сл.гласник на Општина Охрид бр.8/07 и 1/08) и член 17 од Одлуката на Советот на Општина Охрид за доделување на општински награди и признанија, градоначалникот на Општина Охрид донесе:
Р Е Ш Е Н И Е
за формирање Стручна комисија
1. Се формира Стручна комисија во следниот состав:
- Живка Ангелоска – претседател
- Елеонора Куноска
- Д - р Павле Митрески
- Нина Момироска
- Славко Упевче
- Владо Жура
- Симон Илиески.
2. Согласно одредбите од член 17 од Одлуката на Советот на Општина Охрид за доделување на општински награди и признанија, Стручната комисијата има обврска да ги разгледа пристигнатите кандидатури, да изврши нивно рангирање и да достави предлог до градоначалникот на Општина Охрид за доделување на наградата „Патрон на градот - Св.Климент Охридски“.
3. Ова Решение стапува во сила со денот на донесувањето.
4. Примерок од ова Решение да се достави до членовите на Комисијата и архива.
|