Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИ САКААТ ДА БИДАТ ДЕЛ ОД “ОХРИДСКАТА СОФРА”
Untitled Document

Во сабота(02.09 2017) во селото Скребатно, во организација на секторот ТЛЕР при општина Охрид, ќе се одржи “Охридска софра” на која бројни учесници ќе подготвуваат  традиционална храна, како и еден од најпознатите традиционални производи кај гостите и туристите – Ѓомлезето.
За граѓаните кои сакаат да ја проследат Манифестацијата , Општина Охрид организира бесплатен превоз до селото Скребатно.
 
Тргнувањето е во сабота (02.09 2017) во 9:45 часот пред Охридска Банка – превозник Бале турс и 10:00часот пред  Домот на култура во село Лескоец.
Се очекува ваквите Манифестации да придонесат за реализација на целите за развој на нови форми и содржини во општина Охрид и афирмирање на туристичките потенцијали особено на руралните средини.
 

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1386  пати
Објавено на: 31.08.17
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©