Околу 100 ученици од трето одделение од двата објекта на ОУ
„Братство - Единство“ денеска беа во посета на општина Охрид. Во улога
на советници во големата општинска сала младите
охриѓанчиња му поставуваа прашања на градоначалникот д-р Јован
Стојаноски кој им одговараше и ги запознаваше со начинот и функционирањето
на локалната самоуправа.
Третоодделенците беа гости и во кабинетот на градоначалникот, а
потоа прошетаа и се информираа за работата на останатите служби во
општината.
Во двата објекта на ОУ „Братство Единство“, централниот и во
населбата „Лескајца“ ,наставата се одвива на три јазици македонски, турски и
албански.
|