Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СТОЈАНОСКИ НА ОТВОРАЊЕТО НА МЕЃУНАРОДНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА УСЛУЖНИОТ СЕКТОР INSCOSES 2018
Untitled Document

Градоначалникот на Охрид, проф. д- р Јован Стојаноски денес присуствуваше на отворањето на 14-та Меѓународна научна конференција за услужниот сектор INSCOSES 2018.

Целта на конференцијата која ќе се одржува два дена на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид,е да се стимулираат отворени дискусии помеѓу експерти, практичари, истражувачи, научници и академијата за различни аспекти на развојот на услужниот сектор.

Во фокусот на научната конференција се ставаат неколку гранки од услужниот сектор. Пред се тоа се туризмот, угостителството, осигурувањето и царината. Големо внимание се посветува на трендовите кои се јавуваат во овие услужни дејности, предвидувањата на трендовите во иднина, како да се справиме со моменталните проблеми и како да се надминат истите. 

Според учесниците, исклучително е важно јавноста да го осознае значењето на услужниот сектор, неопходната улога која ја има соработката меѓу јавниот и приватниот сектор, локалната самоуправа заедно со локалното население, како и засегнатите фактори од приватниот сектор.

Прочитано:  361  пати
Објавено на: 14.09.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©