Учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“ од Охрид учествуваа на третиот меѓународен гастрономски натпревар ГастроМак Македонија 2018, кој се одржа во Струмица од 8 до 12 октомври.
На овој натпревар учествуваа јуниори и сениори од повеќе земји меѓу кои Србија, Црна Гора, Турција, Бугарија, Албанија,Русија, Сирија ... Учесниците се натпреваруваа во повеќе категории и тоа: приготвување пилешко месо, риба, паста, пица, национални јадења и модерна којна.
Учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“ под менторство на професорот Блаже Јорданоски освоија два сребрени и еден бронзен медал.
Ангел Карбески за приготвување пилешко месо освои сребрен медал,
Стефан Aврамоски за приготвување риба освои сребрен медал и
Христијан Талески бронзен медал за приготвување паста.
Овој меѓународен натпревар, покрај натпреварувачкиот дел има и едукативен дел, каде учесниците имаа можност да следат мастер класови со врвни светски готвачи.
|